27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеј најави напуштање на ЕУ и без договор за Брегзит

Меј најави напуштање на ЕУ и без договор за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е подготвена да се откаже од преговорите со Европската унија за Брегзит, доколку договорот не биде доволно добар.

„Ќе разговараме за вистински договор, но она што го реков е дека ниту еден договор не е подобар од лош договор. Мораме да бидеме подготвени да се откажеме“ изјави Меј во интервју за Скај њуз.

Од друга страна пак лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин изјави дека би обезбедил договор за Брегзит со ЕУ доколку победи на изборите.

Во Велика Британија следната недела ќе се одржат вонредни парламентарни избори, а најновите анкети покажуваат дека за шест отсто е намалена предноста на Конзеравтивната партија на Меј во однос на Лабуристичката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП