1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФорумската дебата за контролинг професијата во Македонија

Форумската дебата за контролинг професијата во Македонија

Форумската дебата „Контролинг професијата во Македонија „состојби и перспективи“ ќе се одржи денеска, во Скопје, во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија.

На форумот ќе се одржат предавања и дебати за состојбите, перспективите и искуствата со контролингот во јавниот сектор, во домашните банки и во големите корпорации.

АБИТ е формирана во 2014 година како единствена институција која нуди сертифицирана доедукација во сферата на банкарството и информатичките технологии.

Досега едногодишни обуки поминале над 100 слушатели, а специјалистички семинари посетиле над 600 слушатели, вработени во банки, студенти и невработени граѓани.

Членови на АБИТ се Народна банка на Република Македонија, како и поголем број од банките во нашата земја: Комерцијална банка а.д., НЛБ Банка а.д., Стопанска банка а.д. Скопје, Еуростандард банка а.д., ТТК банка а.д. и Стопанска Банка а.д. Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП