1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали на кризата конечно и се гледа крајот?

Дали на кризата конечно и се гледа крајот?

Кредитирањето на компаниите во еврозоната, како клучно мерило за состојбата на економското закрепнување, забрза во април на осумгодишен максимум, покажува истражувањето на ЕЦБ.

Темпото на раст на кредитирањето на нефинансиските корпорации порасна во април на 2,4 проценти од 2,3 проценти од март, што е највисокото ниво од јуни 2009 година, се наведува во редовниот месечен извештај со податоци на ЕЦБ, пренеусва Франс прес.

Податоците за април, исто така, покажаа дека кредитирањето на домаќинствата пораснало за 2,6 проценти.

„Ситуацијата на пазарот за кредити во април повторно делувала позитивно, што говори дека компаниите имаат зголемена доверба за иднината“, изјави главниот економист на германската KfW банка, Јерг Којнер.

ЕЦБ тесно го следи нивото на одобрување на кредити во 19-члената еврозона, бидејќи верува дека компаниите повеќе ќе трошат, ќе вработуваат и ќе инвестираат повеќе доколку на располагање имаат повеќе средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП