25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦакалотос оптимист во врска со решавање на проблемот со грчкиот долг

Цакалотос оптимист во врска со решавање на проблемот со грчкиот долг

Грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос е оптимист и смета дека на средбата на еврогрупата која ќе се одржи на 15 јуни ќе биде најдено решение за должничкиот проблем на Грција. Тој во интервју за „Шпигел“, изрази убеденост дека и неговиот германски колега Вофганг Шојбле работи во насока за изнаоѓање решение.

– Никој не сака банкрот на Грција и тоа најмалку го сака Шојбле, изјави Цакалотос.

„Шпигел“ нагласува дека во моментот се одвиваат „исклучително тешки разговори зад кулисите, бидејќи се е одново изложено на ризик“.
Ако на 15 јуни не биде постигнат догвоор, Грција е соочена со банкрот – во јули истекува рокот за враќање на седум милијарди евра кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП