24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПуштени картите во продажба за концертот на STING

Пуштени картите во продажба за концертот на STING

Во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум, на 15-ти октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, концерт ќе одржи едно од најголемите светски музички имиња на сите времиња- STING.

STING заедно со The Rolling Stones, Bruce Springsteen, U2, Depeche Mode, Coldplay…, е претставник на таканаречената А листа на артисти од областа на рок музиката.

На оваа турнеја, STING свири неколку песни од навистина извонредниот нов албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група The Police: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“…

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок (2-ри јуни), точно во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и Југотон, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР– 1990 денари
ФАН ПИТ– 3000 денари (само 1000 влезници)
SILVER SEATS– 2.990 денари
GOLDEN SEATS– 3.990 денари
VIP ПАКЕТ кој вклучува влезница и примерок од новиот албум на STING „57th & 9th“- 6.000 денари (исклучиво со резервации на телефон: 077/945-505, секој ден од 10 до 16 часот освен сабота и недела).

Поради големиот интерес за концертот, од Авалон Продукција препорачуваат сите што се заинтересирани да си набават влезници ВЕДНАШ!

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП