5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките железничари го одложија штрајкот

Грчките железничари го одложија штрајкот

Четиридневниот штрајк на грчките железничари, што требаше да трае од денеска до петок, е одложен, соопшти доцна синоќа Синдикатот на вработените во грчката железница „Треносе“.

Во соопштениeто се посочува дека денеска и утре железничкиот сообраќај во Грција ќе се одвива нормално, а наместо четиридневен, во четврток ќе биде одржан 24-часовен штрајк.

Согласно новата одлука на Синдикатот, в четврток нема да сообраќаат меѓународните и меѓуградските возовите, како ни градската железница во Атина.

Синдикатот го организира штрајкот поради незадоволството на вработените од условите за работа и од состојбата на железничката инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП