2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ месечно „вбризгува“ 60 млрд евра

ЕЦБ месечно „вбризгува“ 60 млрд евра

Европската централна банка е цврсто уверена дека мора да ги задржи големите интервенции во економијата на еврозоната за да се избегне нарушувањето на закрепнувањето кое веќе зема замав.

„И понатака цврсто веруваме дека неверојатниот износ на монетарната поддршка сеуште е неопходен“, изјави претседателот на ЕЦБ Марио Драги пред пратениците во Европскиот парламент во Брисел, пренесува агенцијата Франс прес.

Иако состојбата на економијата на еврозоната се подобрува, на неа, според зборовите на Драги, и понатаму и се потребни значителни поттици.

Како еден од проблемите, Драги го наведе бавното темпо на раст на платите, кое, како што оцени, е недоволно за да ја поттикне инфлацијата до здраво ниво.

ЕЦБ месечно „вбризгува“ 60 милијарди евра во економијата на еврозоната со цел да го поттикне кредитирањето и економскиот раст, потсетува американската агенција АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП