23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон: И после Brexit ЕУ ќе може да смета на нас

Лондон: И после Brexit ЕУ ќе може да смета на нас

Велика Британија ќе ги задржи своите длабоки врски со Европската унија (ЕУ) и по излегувањето од заедницата. Овој го изјави министерот за внатрешни работи на земјата Амбер Руд во интервјуто за „ВВС“.

Нејзиниот коментар е поврзан со зборовите на германската канцеларка Ангела Меркел, која рече дека по „Brexit“ и изборот на Доналд Трамп за претседател на САД „ерата во која земјите сметаа една на друга, е завршена“.

„Можам да ги уверувам Германија и другите европски држави дека ќе бидеме посилен нивен партнер во одбраната и безбедноста, а и, се надевам, во трговијата“, рече Руд.

Таа ја изрази и својата увереност дека двете страни ќе се договорат за размена на чувствителни информации и по „Brexit“.

Велика Британија го поднесе официјално своето барање за активирање на чл. 50 од Договорот за ЕУ, во кој е опишана постапката за заминувањето од заедницата. Очекувањата се дека преговорите ќе започнат по изборите во Велика Британија, закажани на 8-ми јуни.

ЕУ веќе изготви насоки за разговорите во кои главен приоритет ќе биде заштитата на европските граѓани во Велика Британија и на британските во ЕУ, како и почитување на преземените обврски од страна на Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП