23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДубаи воведува полицајци-роботи(видео)

Дубаи воведува полицајци-роботи(видео)

Кога ќе Ве запре полиција поради сообраќаен прекршок или брзо возење, постои ситуација од која можете да се извлечете без казна, односно полицаецот може да се смилува.

Полицајците можат да го направат тоа бидејки се луѓе и можат да одговорат на Вашите барања и емоции. Меѓутоа, тоа не може да се каже за роботите, поради кои се сметаат за поефикасни од полицијата.

Затоа, полицијата во Дубаи има намера до 2030 година да вработи полицајци-роботи, кои би замениле дури 25% од полицијата во овој град. Полицијата  на Дубаи ќе ја презентира својата армија од полицајци-роботи која ги изработила шпанската компанија “PAL Robotics”.

Роботот наречен “REEM” е околу 1,7 метри висок. Иако тој нема да ги решава злосторствата, ќе делува како точка каде ќе може да се пријави криминал. Роботот ќе се базира на прототип екран осетлив на допир каде ќе може да се пријави криминал, плати казна за сообраќаен прекршок и слично. Сепак, постои можност овие роботи да се претворат во полноправни полицајци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП