6 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОколу 50 долари останува цената на нафтата

Околу 50 долари останува цената на нафтата

Цените на нафтата во понеделник не се менуваа позначително на меѓународните берзи, со оглед на константното зголемување на американското производство од шкрилци со што се поткопуваат обидите на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) да ја намали прекумерната понуда.

На лондонската берза цената на барелот останала речиси непроменета во однос на петок и изнесувала 52,09 американски долари(УСД).

Позначителни промени во цената немаше ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по цена од 49,72 УСД.

Трговската активност е намалена денеска заради празници во Кина, САД и Велика Британија.

ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во петок изнесувала 49,48 УСД, што значи дека паднала 1,76 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП