Најнизок процент на невработеност во државата има во Кавадарци- само 10 отсто, покажуваат податоците на Центарот за вработување.
Целта на Центарот е да се достигне просекот на земјите во Европа од 5 отсто. Ако се продолжи со сегашниот тренд на вработување во Кавадарци ќе се достигне европскиот просек.
Утре во Кавадарци ќе се одржи Саем за вработување. Во оваа општина како невработени лица во моментов се пријавени 2.050 пријавени невработени лица. Дефицитарни кадри се: лекари, профили од технички науки, електро и машински инжинери, кои ако се пријават на евиденцијата, имаат можност за вработување веднаш.
„Во моментов актуелна е мерката за активно вработување по огласот кој трае од 29 мај до 16 јуни. Се работи за средства кои неповратно ги обезбедува Агенцијата за вработување, а е наменета за сите заинтересирани идни бизнисмени, кои сакат да формираат и активираат своја фирма“, рече раководителот на Центарот за вработување Благојчо Борисов.
Во Кавадарци и околината секоја година во лето има проблем со обезбедување сезонска работна сила.
„И ова лето ова прашање е изразено осебено кај фирмите од аграрот. Тие се принудени да вработуваат лица од други општини со цел да ги завршат неопходните земјоделски активности“, додаде Борисов.
На Саемот за вработување во Кавадарци, што започнува утре во 10 часот, работодавачите и невработените ќе можат да се сретнат и да разговараат околу понудата за работа.