17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосковиси: Еврозоната би требало да има сопствен парламент и буџет

Московиси: Еврозоната би требало да има сопствен парламент и буџет

„Еврозоната би требало да има сопствен парламент и буџет за да се ‘затвори’ јазот помеѓу багатите и сиромашните членки што може да доведе до расцепување на блокот“, изјави денеска европскиот комесар за економски прашања Пјер Московиси.

„Неопходно е еврозоната да има свој буџет, а тоа нема да може без формирање парламент на валутната унија за и потрошувачката да биде предмет на демократската контрола“ – рече Московиси во интервјуто за полскиот дневен весник „Зечпосполита“.

„Длабоката интеграција на еврозоната е ‘апсолутно неопходна за да се потисне разликата помеѓу економиите што ја сочинуваат валутната унија“. Доколку продолжиме да имаме Север кој е богат и Југ кој е во проблеми, тоа во еден момент ќе резултира со отфрлање на европскиот проект“, истакна Московски

Парламентот и буџетот, исто како и извршната власт, односно „министер за финансии на еврозоната“, се неопходни за еврозоната.

Европската комисија планира в среда да претстави анализа за идната интеграција на еврозоната пред консултација со членовите на блокот, додаде тој.

Грција, како членка на еврозоната, со „планина“ од долгови од 180% годишно БДП, се најде на работ да излезе од еврозоната пред да се согласи на болните штедни мерки во замена за добивање средства од меѓународниот пакет за помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП