Наскоро Европската комисија ќе поднесе барање за мандат за преговори за изградба на екстензиите на „Северен поток“, коментира комесарот за прашањата на Енергетскaта унија на ЕУ, Марони Шефчович за време на конференција во Братислава, пишува „Ројтерс“.
„За финализирање на проектот ни требаат уште неколку дена“, објасни Шефчович за агенцијата.
Со добивањето на мандатот, Брисел ќе се очекува и на мислењата на земјите од заедницата за проектот, а Шефчович се надева на нивната силна поддршка во очекуваните разговори со Русија.
„Верувам дека ќе добиеме поддршката од сите земји, бидејќи нивните коментари ќе бидат земени во предвид“, рече тој.
Москва планира да го удвои капацитетот на „Северен поток“ преку изградба на уште две цевки по дното на Балтичкото Море. Проектот е вреден 9,5 милијарди евра кој акционерите веќе се договорија.
Плановите се новите две цевки да бидат изградени до 2019-та година, односно кога истекуваат договорите за транзит на гас преку Украина. Тогаш треба да биде готов и „Турски поток“, а судбината на планираната втора цевка по дното на Црното Море е се уште нејасна.
„Газпром“ веќе изјави подготвеност за изградба на две цевки за овој проект – едната за турските, а другата за европските потрошувачи. Повторно сепак Русија ќе се соочи со проблемот „Трет енергетски пакет“, кој го стопираше развојот на „Јужен поток“.
Во моментов во Брисел се уште немаат коментари за „Турски поток“, со оглед на фактот дека и Русија се уште не ги има обезбедено официјално намерите да доставува гас за Европа на тој проект.
За „Северен поток 2“ меѓутоа мислењето на ЕК е дека новиот гасовод не е потребен на Европа и само ќе ја зголеми зависноста на континентот од рускиот природен гас. Слична е позицијата и на уште неколку земји, како најголем противник е Полска. Но, Германија, која е влезна точка на цевките, ја поддржува идејата на Русија.