28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдите на море? ПЕТ СОВЕТИ како да летувате поевтино

Одите на море? ПЕТ СОВЕТИ како да летувате поевтино

До почетокот на летото останаа уште три недели, а тоа значи дека годишните одмори практично се „пред вратата“. За многумина токму ова е периодот од годината во кој трошат најмногу пари, дел планирани, дел непланирани.

Ова се неколку совети, кои ќе ви помогнат вашите трошоци за летување да бидат што помали.

 

1. Алтернативни правци во сообраќајот

Ако сакате да заштедите на патарини, на море упатете се низ старите патишта наместо по автопатите.

 

 

 

2. Избегнувајте ги скапите ресторани и кафулиња

Добро е познато дека во многу угостителски објекти на море цените се прескапи. Затоа избирајте поевтини, малку одалечени, но квалитетни опции.

 

 

3. Не изнајмувајте лежалки и чадори за сонце

На плажа дојдете подготвени. Ви предложуваме чадор и мали лежалки да понесете со себе со цел непотребно да не си ги трошите парите.

 

 

4. Понесете храна и пијалок со себе

Многу трговски ланци во своите продавници на море имаат повисоки цени. Затоа не е лошо со себе да ги понесете најважните намирници и така дополнително да заштедите.

 

 

5. Не купувајте на штандовите

Иако на прв поглед ви се чини дека на штандовите на локалците не можете да потрошите многу пари, но малку по малку, вашиот паричник ќе биде се потенок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП