ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалниот пазар на паметни телефони забележа раст во првиот квартал

Глобалниот пазар на паметни телефони забележа раст во првиот квартал

Глобалниот пазар на паметни телефони пораснал за 9,1 отсто во првиот квартал оваа година, покажаа податоците на истражувачката компанија за информатички технологии Гартнер, а растот го предводеше тројката на кинески производители.

Светската продажба на паметни телефони во првиот квартал достигна вкупно 380 милиони единици, а водечките три кинески производители на мобилни уреди – Хуавеи, Опо и Виво, заедно имаат удел од речиси четвртина во вкупната продажба, што е раст од седум отсто на годишно ниво.

Гартнер потсети дека Самсунг и Епл сè повеќе се соочуваат со силната конкуренција на кинеските брендови.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП