21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Златна палма“ во рацете на Рубен Остлунд за драмата „Плоштадот“ (видео)

„Златна палма“ во рацете на Рубен Остлунд за драмата „Плоштадот“ (видео)

Сатирата за светот на уметноста во која глумат Елизабет Мос, Доминик Вест и Тери Нотари, беше една од 19 филмови кои се натпреваруваа во официјалната конкуренција за најредното признание на 70. Кански филмски фестивал.

Шведската драма „The Square“ ( „Плоштадот“) во режија на Рубен Остлунд е добитник на „Златната палма“ на филмскиот фестивал во Кан, што заврши вчеравечер со објавата на главните награди.

Сатирата за светот на уметноста во која глумат Елизабет Мос, Доминик Вест и Тери Нотари, беше една од 19 филмови кои се натпреваруваа во официјалната конкуренција за најредното признание на 70. Кански филмски фестивал.

„Измамени“ на американската режисерка Софија Копола ја освои наградата за најдобра режија.

Актерот Жоакин Феникс е добитник на наградата за најдобра машка улога во филмот „Никогаш навистина не бевте тука“, на британската режисерка Лин Ремси која пак ја освои наградата за најдобро сценарио. Наградата за најдобро сценарио доби и „Убивањето на светиот елен“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос.

Дијане Кругер е добитничка на наградата за најдобра женска улога во филмот „ „Од никаде“ на турскиот режисер Фатих Акин.

Со жирито на фестивалот што годинава одбележа седум децении постоење преседаваше Педро Алмодовар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП