6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија оваа година очекува повеќе од 11 милиони туристи

Бугарија оваа година очекува повеќе од 11 милиони туристи

Бугарија годинава очекува повеќе од 11,6 милиони туристи од странство, што е за 11 отсто повеќе во однос на 2016 година, изјави директорот на Институтот за проценки на туризмот на Бугарија, Румен Драганов.

Како што јави БТА, првите туристи од Германија, Велика Британија и Романија веќе пристигнаа на црноморските одморалишта Сончев Брег, Златни Песоци и Албена.

Коментирајќи го недостигот на туристички работници, Драганов рече дека тој проблем „не може да биде решен додека овие работници во Бугарија имаат просечна плата од 320 евра, наспроти европските 1.400 евра.

Недостигот на туристички работници во Бугарија се надоместува со луѓе од земји кои не се членки на ЕУ, како што се Украина, Молдавија, Белорусија, Индија и Бангладеш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП