5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако од шефот да побарате препорака за идната работа

Како од шефот да побарате препорака за идната работа

Не е едноставно да го замолите моменталниот шеф да ви напише препорака за идната работа, особено ако компанија многу инвестирала во вас. За среќа, со правилниот пристап и ова е можно…

Ви нудиме неколку совети како да го постигнете тоа:

Ставот на компанијата

Пред да побарате препорака, обидете се да дознаете како компанијата гледа на работниците кои ја менуваат работата. Доколку сфатите дека вашите надредени на таквата ситуација гледаат како на предавство, воздржете се од барањето на препорака. Доколку вашиот надреден позитивно гледка на напредувањето во кариерата, па дури и надвор од компанијата, веројатно ќе добиете препорака.

Барање

Внимателно испланирајте ја ситуацијата во која ќе побарате препорака. Важно е да им објасните на надредените дека заминувате пред да им побарате препорака. Објаснете им дека добро сте размислите за сопствените можноти и дека сте одлучиле дека другата работа сепак повеќе одговара на вашите интереси. Исто така, нагласете им дека нивното мислење може силно да влијае на вашата иднина. Зависно од реакцијата на шефот, проценете дали можете да побарате препорака или не.

Контактирање

Ако надредениот се согласи на вашата молба, дознајте дали пости некое средство на комуникација кое го преферира. Можеби преферира писмена референца, можеби телефонски повик или електронска пошта. Овозможете му неколку информации кои вашиот шеф би требало да ги вклучи во пораката.

Известете го за исходот

Известете го шефот како напредувате во процесот на пријавување. На пример, можете да му јавите како сте поминале на интервјуто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП