18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија започна со најголемиот тендер за купување на зелена енергија

Русија започна со најголемиот тендер за купување на зелена енергија

Од 29-ти мај до 9-ти јуни Русија ќе го одржи досега најголемиот тендер за купување на капацитет на зелена енергија – се очекуваат понуди за 1,99 гигавати, соопштува „Bloomberg“. Постапката е обид да се привлечат странски инвеститори за создавање на работни места во земјата, додава агенцијата.

Тендерот, организиран од страна на Владата, веќе го привлече интересот на најголемиот финската енергетска компанија „Fortum Oyj“, како и на италијанската „Enel“.

Најголем удел во енергетскиот микс на Русија има природниот гас – 43%, следат цврстите горива (25%) и нуклеарната енергија (11%). Развојот на зелена енергија е можност за економски раст и нови работни места, забележува Аднан Амин, генерален директор на Меѓународната агенција за обновлива енергија.

До неодамна зелената енергетика во Русија го промени правецот откако владата го промени законодавството и ја забрани изградбата на централи кои користат обновливи извори, освен ако дел од опремата не е произведена во земјата. Тоа беше обид за поттикнување на секторот, но во исто време ниту една руска компанија не произведуваше слична опрема.

Работите сепак се на пат да се менуваат суштински – нуклеарната корпорација „Росатом“ соопшти дека ќе почне да произведува ветерни турбини во некои од своите фабрики. Компанијата соопшти дека ќе побара соработката на водечките компании во секторот – „Siemens“, „General Electric“, како и „Vestas Wind Systems“. Во оваа фаза „Bloomberg“ нема потврда од западните производители за партнерството.

Климата во Русија претпоставува развој токму на ветерни и водени централи, а не толку за поставувањето на соларни панели.

Еден од учесниците во тендерот денес – „Fortum Oyj“, има ветерна централа со капацитет од 35 мегавати, изградена во близина на Москва во 2015-та година, кога законодавството уште не беше толку рестриктивно. Финската компанија користи кинески турбини за производство на електрична енергија.

Цената на произведената електрична енергија е околу 150 евра на мегават. Оценката на „Bloomberg“ е дека оваа цена е за 70% повисока од просечната цена од ветерните централи во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП