9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавува силниот раст, но Пекинг има сила за 6,5 проценти во 2017

Забавува силниот раст, но Пекинг има сила за 6,5 проценти во 2017

Светските економски аналитичари проценуваат дека Кина има доволно сила годината да ја заврши со стапка на раст барем од 6,5 проценти, иако се очекува дека силниот кинески раст ќе биде забавен до крајот на годината, што го покажуваат резултатите остварени во индустријата на оваа земја во април.

Заработката на кинеските индустриски компании пораснала за 14 проценти во април во однос на истиот месец една година претходно, што е помалку од стапката на раст на добивката од март од 23,89 проценти во однос на истиот месец една година претходно, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика на Кина.

Ројтерс наведува дека сето тоа може да најави дека втората по големина светска економија би можела да забави.

Во првите четири месеци од оваа година приходите се зголемени за 24,4 проценти во однос на истиот период минатата година, а во првите три месеци 2017 година тој раст изненади со 28,3 проценти.

„Забавувањето на растот на кинескиот индустриски профит е разумен со оглед на брзиот раст кој го доживеа на почетокот на годината“, изјави официјалениот претставник на статистичкиот завод Хи Пинг, кој додаде дека добивката од индустриските компании останала силна.

Агенцијата Moodys го намали кредитниот рејтинг на Кина минатата недела за прв пат под речиси 30 години, со објаснување дека очекуваат дека силата на кинеската економија ќе ослаби во наредните години, бидејќи растот ќе забави, а задолжувањата продолжуваат да растат.

Но експертите велат дека тоа слабеење ќе биде значително ублажено со вистинските потези на државата во областа на економијата и финансиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП