28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: САД повеќе не се доверлив партнер, Европа треба да се потпира...

Меркел: САД повеќе не се доверлив партнер, Европа треба да се потпира сама на себе

Германската канцеларка изјави во недела вечер, по враќањето од самитот Г7 во Италија, дека САД повеќе не се доверлив партнер и дека Европа треба да се потпира сама на себе.

„Времињата во кои можеме целосно да се потпреме на другите во добар дел се зад нас. Тоа самата го доживеав последните денови“, рече канцеларката Ангела Меркел на политички собир во Минхен веднаш по враќањето од самитот на Г7 на Сицилија, кој заврши со разочарување заради несогласувањата по сите прашања на американскиот претседател Доналд Трамп со останатите учесници.

Таа порача дека Европа мора да се потпре врз сопствените сили.

„Ние Европјаните мораме својата судбина навистина да ја земеме во свои раце“, рече Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП