26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија се откажува од ситните пари

Италија се откажува од ситните пари

Комитетот во италијанскиот парламент за буџетски прашања донесе вчера одлука оваа земја од јануари наредната година да ги укине монетите од еден и два центи.

Укинувањето на монетите со мала вредност ќе резултира со заштеда од околу 20.000 евра годишно.

Италијанската Влада од воведувањето на еврото од 2004 година потроши повеќе милиони евра за производство на мали монети.

Италијанската новинска агенција АНСА наведува дека оваа иницијатива значи дека сите цени во Италија ќе бидат заокружени на најблискиот износ.

И останатите членки на ЕУ, вклучувајќи ја Германија, исто така размислуваат за оваа можност за укинување на монетите од еден и два центи.

Во Белгија, Финска, Холендија и Ирска цените се често во округли износи со цел да се избегне употребата на помалите монети, иако и понатака се во оптек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП