3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе слободно време за работниците во САД

Повеќе слободно време за работниците во САД

h

Долниот дом на американскиот Конгрес, во кој доминираат републиканците го усвои предлог-законот, кој предвидува повеќе слободно време за работниците.

Републиканците ги негираат критиките на Белата куќа, синдикалните организации, активистите за заштита на правата на жените, кои тврдат дека законот ќе ги принуди луѓето да работат за помалку пари.

Предложените законски мерки им го овозможуваат на работниците во приватниот сектор истото што го имаат и вработените во јавната сфера – можност за прекувремената работа да земат слободни денови, наместо паричен надомест. За секој час прекувремена работа би имале право на 1,5 часа слободно време.

Законот го поддржуваат организациите на работодавачите, а аналитичарите го гледаат како обид на Републиканската партија да го подобри својот имиџ, особено меѓу жените и работничките семејства.

– Не постои причина поради која некој би требало да протестира против овој закон, изјави лидерот на републиканците во Претставничкиот дом Ерик Кантор.

Критичарите, меѓу кои и е најголемата синдикална организација во САД АФЛ-ЦИО, имаат забелешки дека на предлог-законот му недостига мерка, која ќе овозможи надгледување на неговото почитување. Тие тврдат дека работодавците може да ги принудат работниците да земаат слободни денови, наместо да им дадат паричен надомест за прекувремената работа и со тоа да ги намалат нивните приходи.

– Овој предлог-закон го поткопува постоечкото право на тешко заработениот додаток за прекувремена работа, при што се маскира како мерка за зголемување на флексибилноста на работното место, се наведува во ставот на Белата куќа, која во понеделникот се закани дека ќе стави вето.

Законот по усвојувањето во Претставничкиот дом оди во Сенатот, каде демократското мнозинство на претседателот Барак Обама најверојатно ќе го отфрли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП