2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобогатите ќе плаќаат повисоки даноци

Побогатите ќе плаќаат повисоки даноци

Главен фокус на Програмата на Владата на Република Македонија за периодот 2017-2020 година ќе биде развојот на економијата и подигнувањето на животниот стандард на граѓаните, како и да се намали стапката на сиромаштија под 16% во 2020 година, пишува во предлог-програмата доставена до Собранието.

Во однос на даночната политика, во предлог-програмата пишува дека за мнозинството граѓани ќе остане стапката за данок од 10%, а дополнителната стапка од 18% ќе се воведе само за дополнителниот приход на лицата со највисок доход. Во програмата се воведува и зголемување на стапката на акцизата на патнички автомобили во вредност повисока од 40 илјади евра.

Во економскиот дел се предвидува зголемување на минималната плата на 12.000 денари во првата година на мандатот и таа ќе важи и за трите оддели со најниски плати, како и донесување на нов Закон за работни односи посветен на обезбедување заштита за работниците. Со законски измени ќе се обезбеди работниот однос што непрекинато трае подолго од 9 месеци (сезонски работници) и ќе продолжи во следната календарска година, да се трансформира во работен однос на неопределено време. Висината и бројот на отпремнини за работникот во случај на прогласување на технолошки вишок ќе бидат зголемени за 20%.

Програмата предвидува и овозможување на заедничко користење на родителско отсуство на двајцата родители за првите 1-3 месеци (по истекот на 3. месеци, мајката или таткото продолжува до крајот на породилното отсуство).

Владата се обврзува да ја промени казнената политика и ќе инсистира дека нејзин темел ќе е превенцијата. Инспекциските служби нема да бидат инструмент за репресија и политички притисоци. Изборот на правните субјекти кои ќе бидат контролирани ќе се спроведува по случаен избор или по пријава со цврсти докази.

Владата ќе настапи со предлог за воведување на државна социјална пензија за секое лице над 65 години старост кое во последните 20 години живеело на територијата на Република Македонија и не ги остварува условите за старосна пензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП