13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради штрајк на персоналот „Алиталија“ откажа 200 летови

Поради штрајк на персоналот „Алиталија“ откажа 200 летови

Италијанската авиокомпанија „Алиталија“ која се наоѓа на работ на банкрот, соопшти дека откажала 200 денешни летови на внатрешните и меѓународните линии заради штрајк на дел од персоналот, пренесоа француските медиуми.

Во меѓувреме е најдено алтернативно решение за 80 проценти од засегнатите патници, информира компанијата на својот сајт.

Авиопревозникот, што со години трупа загуби, на молба на акционерите и со одлука на Министерството за транспорт на 2 мај премина под административна управа. Тоа се случи откако синдикатите го отфрлија планот за преструктурирање, што предвидуваше кастрења на 1.700 позиции и намалување на платите за осум отсто за дел од персоналот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП