18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската фабрика "Лутекс" во Велес започнува со работа

Германската фабрика “Лутекс” во Велес започнува со работа

Фабриката за производство на технички и индустриски текстил „Лутекс“, инвестиција на германската компанија „СТС Текстајлс“, денеска во кругот на поранешната фабрика „Нонча Камишева“ во Велес, ќе биде пуштена во употреба.

На почетокот ќе бидат вработени 50 лица, а во следните пет години се планира да бидат ангажирани до 1.000 лица. Првичната инвестиција се проценува на околу 4 милиони евра, а во следните пет години ќе бидат инвестирани до 7 милиони евра. Повеќето од производите ќе се извезуваат во Германија, Франција, Италија и Полска.

Германската компанија ја најави намерата за инвестирање во февруари минатата година сакајќи да инвестира во Демир Хисар, но од објективни причини подоцна е донесена одлука фабриката да се отвори во Велес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП