11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна полагањето државна матура со тестот по мајчин јазик

Започна полагањето државна матура со тестот по мајчин јазик

Полагањето на државната матра во јунската испитна сесија во 2017-та година почнува денеска со тестот по мајчин јазик и литература.

Покрај денешниот испит ќе има уште три испити од државната матура до 14 јуни, а вкупно годинава се пријавени 16.426 кандидати. Според податоците на Државниот испитен центар, 10.632 матуранти се пријавени за тестот по македонски јазик, 5.120 за албански јазик и 418 за турски јазик.

На 10 јуни е полагањето странски јазик. Како и во минатите години најголем број (15.201) се пријавени за англиски јазик, за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати. Тестирањето по предметот математика е на 12 јуни, а пријавени се 2.070 матуранти.

Последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14 јуни – за тест по биологија се пријавени 3.445, за хемија 282, за физика 119, за историја 2.900 кандидати, за бизнис 4.298, филозофија 3.684 и за естетика 193 кандидати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП