30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПосакувате успешен бренд?

Посакувате успешен бренд?

Посакувате успешен бренд препознатлив и од другата страна на планетата?

Што е тоа „успешен бренд“? …. Ви текнува ли во моментов на некој производ или продавница која цел свет ја препознава на прв поглед, е токму тоа е успешен бренд.

Овие мали совети ќе ви помогнат да го постигнете тоа…

Име на производ. Креирање на позиција за вашиот бренд бара наметнување. Вие се обидувате да се позционирате себе си кај луѓе кои не сакаат да си ги променат навиките за купување. Вашиот бренд мора да биде доволно моќен да ги пренасочи луѓето да го купуваат баш него. Затоа е важно името на производот кое мора да биде лесно запаметливо, лесно да се изговара и најбитно од се да создаде емотивна поврзаност на луѓето што ќе го купуваат вашиот производ.

Лого на производ. Логото е со иста важност како и името. Така потрошувачите за прв пат интуитивно т.е. емоционално се поврзуваат со брендот. Тоа укажува на тоа: “Кој сме ние”, “Што правиме”, ”Каква вредност добиваме”. Многу е важен дизајнот на логото. Тоа мора да биде прилагодливо на различни големини и лесно употребливо во различни медиуми. Исто така да биде насочено кон чуствителноста на одредена таргет група потрошувачи. Пораката што сака да ја пренесе мора да биде потполно разбирлива. Логото треба да биде оригинално-уникатно.

Треба да се знае дека брендирањето се случува во мозокот на потрошувачите. Придобивање и задржување на потрошувачите преку брендот се случува само доколку се исполнат очекувањата што тие го имале за производот.

Бидејќи сте почетници бизнисмени и немате доволно средства да го промовирате вашиот бренд на производ преку класичните медиуми: тв и радио реклами и сл. најдобар начин ви е преку социјалните мрежи како Facebook, Twitter, You Tube и блогови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП