6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот руши рекорди, но падот ќе биде болен

Биткоинот руши рекорди, но падот ќе биде болен

Биткоинот би можел да падне и да загуби половина од својата вредност, предупредуваат аналитичарите.

Оваа валута забрзано се приближува кон ниво кое ќе стане неодржливо, смета тимот на брокери од Forex Analytix.

Николо Дјук, кој ги анализира историските обрасци за одредување на потенцијалната флуктуација на цените, смета дека вредноста на биткоинот од 2.800 долари ќе биде граница до која биткоинот ќе може максимално да расте и дека тогаш ќе започне нагло да паѓа.

Биткоинот можеби тогаш ќе падне за дури 1.470 долари, вели овој експерт.

Оваа криптовалута во еден момент дојде до дури 2752,07 долари. Тоа е раст од 175 проценти.

Сепак, овој аналитичар признава дека по првиот следен пад, биткоинот веројатно повторно ќе расте.

Ако е за утеха, тој е оптимист за следната година – вели дека не е невозможно биткоинот во 2018 година да достигне и 4.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП