6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп одбива да го поддржи договорoт за климатските промени

Трамп одбива да го поддржи договорoт за климатските промени

Претседателот на САД, Доналд Трамп и понатаму одбива да го поддржи договорот од Париз за борба против климатските промени, кој беше прифатен од останатите земји во  2015 година.

Тој, не ги прифаќа уверувањата на другите лидери на групата на најразвиените земји Г-7, кои вчера се собраа на Сицилија, изјави италијанскиот премиер Паоло Џентилони.

“Постои отворено прашање, а тоа е позицијата на САД за договорот од Париз за климатските промени … Сите други земји ја потврдија согласноста за наведениот договор. Ние сме убедени дека по внатрешна дискусија и САД ќе сакаат да се приклучат кон овој договор”, рече Џентилони.

Сепак има договорот за други прашања, како Сирија, Либија и борбата против тероризмот, изјави за новинарите Џентилони во Таормина, каде што се сретна лидерите на Г-7, објави Ројтерс.

Лидерите на Италија, САД, Германија, Велика Британија, Франција, Канада и Јапонија потпишаа изјава за зајакнување на напорите за борба против тероризмот, вклучувајќи ги и елиминирање на екстремистичката пропаганда на интернет.

Џентилони вели дека е постигнат напредок во разговорите за надворешната трговија, но се уште се работи на формулирањето на финалното коминике.

Трамп  претходно ја критикуваше позицијата на Германија во врска со надворешната трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП