28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЉубителите на КТМ бараат супер-спортски мотоцикл

Љубителите на КТМ бараат супер-спортски мотоцикл

2769-ktm-rc4-690-1600px

„KTM“ ја прошири својата гама во последните две години. Тоа се гледа и по бројот на продадени мотоцикли, па така се очекува брендот од Австрија до крајот на годината да стане најголемиот европски производител на мотори и од тронот да го симне „BMW“.

И додека австријците имаат поширок спектар, еден мотоцикл на многумина се уште им недостасува, а тоа е супер-спортски модел кој „KTM“ го нема. Таков мотор му недостасуваше и на друштвото од „Luca Bar Design“, па тие го создадоа и го ставија на хартија „KTM RC4“.

„KTM“ добро стои на полето на нејкед моторите, затоа што тој сегмент им е добро покриен, но тоа што на многумина им недостасува е барем уште некој спортски мотор. Супербајкот „RC8“ е тука, но тој и натаму е осамен, а наскоро би требало друштво да му прави мал спортски модел кој е инспириран од Мото3.

Како и да е на компанијата им недостасува еден сериозен супер-спортски мотоцикл, подлога за него имаат, а се што треба „KTM“ да го стори е малку да го дотера „Duke 690“.

„Luca Bar“ го стори тоа наместо нив и ни ја претстави скицата на моторот кој се нарекува „RC4“. Супер-спортскиот модел е заснова на моделот „Duke 690“ од кој покрај шасијата се користи и „LC4“ агрегатот. Визуелно тој се потпира на поголемиот „брат“ „RC8“.

„KTM 690 Duke“ чини скоро 10.000 евра, па неговата трансформација во спортски мотоцикл не би требало многу да ги чини купувачите. Малку пластика, друга суспензија, кочници и обновен мотор и ете спортски мотоцикл кој со својата цена без проблем би им конкурирал на јапонските производители. Сите љубителите на австрискиот бренд се надеваат дека „KTM“ ќе ги послуша нивните желби и концептот на „Luca Bar“ или некој друг ќе стане реалност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП