19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ја отфрлa можноста за билатерални договори помеѓу САД и членките на...

Германија ја отфрлa можноста за билатерални договори помеѓу САД и членките на ЕУ

Германија во петокот ги отфрлила најавите од страна на САД за можни билатерални договори помеѓу САД и членките на ЕУ, пренесуваат светските агенции.

Портпаролот на германското МНР, Мартин Шафер, рекол дека „ЕУ има заедничка трговска политика, спроведена од страна на Европската комисија“.

Шафер изјавил дека ЕУ во изминатите 50 години доста добро функционирала како сè поголем и помоќен економски блок, склопувајќи трговски договори за целата Унија и нејзините поединечни членки.

Според него, можно е на Вашингтон да му пречи тоа што ЕУ, веројатно, е посилен и помоќен трговски блок од САД или, пак, од Северноатланскиот договор за слободна трговија. Нема причина ЕУ поради ова да биде тажна бидејќи тоа ја прави помоќна, констатирал германскиот претставник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП