4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Даночните приходи ќе бидат помали

Шојбле: Даночните приходи ќе бидат помали

shojble1

Даночните приходи на Германија оваа година би требало да бидат помали од првичните прогнози, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Но, според неговите зборови, владата и понатака е на добар пат да го урамнотежи буџетот до 2014 година.

Според проценките на Комисијата од економски експерти, вкупните приходи од даноците на водечката европска економија би требало да достигнат 615 милијарди евра во 2013 година, што е за 2,8 милијарди евра помалку во однос на првичната проценка од октомври минатата година, пренесува Франс Прес.

Меѓутоа, прогнозираната бројка и понатака е за 2,5 проценти поголема во однос на 600 милијарди евра, сума која минатата година влезе во благајната на официјален Берлин.

Шојбле изјави дека ова намалување на прогнозите не е изненадувачко, со оглед на тоа што германската економија искуси период на слабост во последниот квартал од минатата година.

Според новите прогнози, даночните приходи во 2014 година ќе изнесуваат 638 милијарди евра, што е помалку во однос на првичната прогноза од 642 милијарди евра.

Германската влада очекува дека до 2017 година ќе собере 705 милијарди евра од даноци.

Шојбле, исто така, изјави дека зголемувањето на даноците, како еден предлог од опозиционата партија, би бил сосема погрешен и штетен чекор.

„Бидејќи економијата оствари само скромен раст и оваа година се очекува зајакнување од скромни 0,5 проценти, ние не сме во розева ситуација“, изјави Шојбле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП