11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст од 69,6 проценти на превезената стока во товарниот патен превоз

Раст од 69,6 проценти на превезената стока во товарниот патен превоз

Превезената стока во товарниот превоз е зголемена за 69,6 отсто во првиот квартал во годинава во споредба со минатата година. За разлика од товарниот, превозот во железничкиот и во воздухопловниот сообраќај се намалува за 18,5 проценти, односно за 30,2 проценти, кажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика.

Количеството превезена стока во товарниот патен превоз e зголемено за 24,6 проценти, во железничкиот е намалено за 19,8 проценти, а во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува за 14,3 проценти.

Според статистичките податоци, во првото тримесечје од годинава во однос на истото тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 1,4 проценти, во градско-приградскиот превоз за 6,9 проценти, во воздухопловниот превоз за 7,1 процент, а во железничкиот е намален за 38,6 проценти.

Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е намален за 5,8 проценти, во градско-приградскиот превоз за 0,5 проценти, во железничкиот за 37 проценти, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 10,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП