17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТешки предизвици за лидерите од Г7

Тешки предизвици за лидерите од Г7

Челниците на групата седум најбогати земји на светот Г7 се собраа во петок на почетокот на дводневниот самит на Сицилија на кој, како што се очекува, американскиот претседател Доналд Трамп ќе се најде под притисок на колегите да ги ублажи своите позиции за глобалниот климатски договор и слободната трговија.

Г7 е неформален форум за глобални прашања на кој учествуваат лидерите на САД, Канада, Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Јапонија.

„Ќе расправаме за теми кои се однесуваат на стотина милиони луѓе, можеби можеме да кажеме дека тие се однесуваат на целото човештво“, рече италијанскиот премиер Паоло Џентилони.

Тој додаде дека разговорите нема да бидат лесни.

Во текот на минатогодишната предизборна кампања Трамп изнесуваше позиции за климатските промени и слободната трговија кои наидоа на критики од другите земји членки на Г7.

Разговорите во Таормино на Сицилија ќе бидат прва вистинска можност меѓународната заедница да го натера американскиот претседател да каже кои се неговите вистински намери во врска со трговскиот протекционизам и климатскиот договор.

Самитот, исто така, ќе биде можност челниците на седумте најбогати земји во светот да ги тестираат своите меѓусебни односи.

Антиглобалистите најавија протести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП