5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOд коцкање на туристите Србија годишно заработува половина милијарда долари

Oд коцкање на туристите Србија годишно заработува половина милијарда долари

Приходите од коцкарниците во Србија чинат петтина од вкупната заработка во туризмот, изјави Александар Денда, советник за економски развој во Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија.

„Србија во 2015 година од туризмот заработила 2,5 милијарди долари, од кои 500 милиони се од коцкање на странците“, рече Денда при тоа додавајќи дека податоците за минатата година сè уште не се обработени.

Тој за агенцијата Бета рече дека поради тоа што заработката на игрите на среќа изнесува дури 20 отсто од вкупниот приход, треба да се поттикнува таков вид рекреација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП