25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ: Отпуштање на вработени и затворање на филијали

НЛБ: Отпуштање на вработени и затворање на филијали

nlb2

Програмата за санација на најголемата и најзадолжена словенечка банка предвидува отпуштање на вработени и затворање на филијали.

Нова Љубљанска банка по програмата за санација која е подготвена на барање на Европската комисија, би можела да биде помала за 35 проценти, откриваат словенечките медиуми.

И покрај сите досегашни процеси на докапитализација, кои надминуваат сума од 1,5 милијарди евра, кои ги обезбеди словенечката држава во чија власт е оваа банка, на НЛБ и понатаму и е потребен барем уште половина милион евра за да може да продолжи да функционира. Нејзините загуби постојано се зголемуваа со давањето лоши кредити на компаниите, а една третина од словенечката економија зависи токму од оваа банка.

Поради фактот дека и самата држава се наоѓа во длабока рецесија, и дека и овој пат нема да може така лесно да ја докапитализира НЛБ, се подготвува програма за реорганизација и санација на оваа банка која без државна помош не би можела да преживее.

Словенечките медиуми дознаваат и објавуваат дека НЛБ, пред се, ќе го намали бројот на вработени за 650 до 700 луѓе и ќе укине 17 организациски единици, со затворањето на една третина од филијалите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП