18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт насловен „Видеоигра“ во изведба на Македонската филхармонија

Концерт насловен „Видеоигра“ во изведба на Македонската филхармонија

Во новата концертна сала на Македонската филхармонија на 1 јуни, со почеток во 20 часот, ќе се одржи симфониски концерт под наслов „Видеоигра“, на кој ќе биде изведена музиката од најпознатите видеоигри во светот.

На репертоарот ќе бидат композициите од видеоигрите „Final Fantasy“, „The Legend of Zelda“, „Super Mario“, „Angry Birds“, „Grand Theft Auto“, „Battlefield“, „Pokemon“, „Tetris“, „World of Warcraft“… Концертот ќе се одржи под диригентската палка на маестро Тимоти Редмонд од Велика Британија, еден од најистакнатите диригенти во Европа.

Со „Видеоигра“ за првпат во Македонија ќе се изведува музика од најпопуларната форма на забава во светот, аранжирана за голем симфониски оркестар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП