5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер демантира дека Трамп ја критикувал Германија

Јункер демантира дека Трамп ја критикувал Германија

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска демантираше дека американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикувал трговската политика на Германија на вчерашниот состанок во Брисел.

Германските медиуми известија дека Трамп ја осудил политиката на Берлин како „многу лоша“ и посочи дека сака да го ограничи увозот на германски автомобили во САД.

„Трамп не кажа дека Германците лошо се однесуваат“ – рече Јункер во Сицилија, на почетокот на самитот Г7.

Јункер додаде дека медиумите ги преувеличуваат работите и дека „не е вистина“ дека Трамп во разговорите бил агресивен спрема Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП