17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаем за вработување во Штип – пазарот на труд насочен кон автомобилската...

Саем за вработување во Штип – пазарот на труд насочен кон автомобилската и текстилната индустрија

Циклусот Саеми за вработување, којшто почна во Скопје, во петок застана на својата прва станица во Уметничката галерија „Безистен” во Штип.

„На ова штипско издание ги очекуваме граѓаните кои се невработени или сакаат да се информираат за понудата за работни места и позиции од овој регион да ги посетат изложувачите и да ги остават своите податоци. Штипскиот регион има специфика и долга традиција во текстилната индустрија, но не се исклучени и другите индустрии кои полека навлегуваат во технолошки индустриски развојни зони, со тоа што се отвора голема можност за идно вработување” – изјави Лазо Димчов, раководител на Центарот за вработување во Штип

На изданието во Штип ќе се претстават околу 30 компании од текстилната, автомобилската индустрија, како и од производството на електроника за автомобили, меѓу кои и: АДИЕНТ – која е специјализирана во производство на покривки за автомобилски седишта, Техникал текстајлс, која се занимава со производство на повеќе компоненти на фиберглас кој има широка намена во градежната, авионската и автомобилската индустрија, Кранфилд фаундри – леарница за производство на делови за автомобилска индустрија, МИК Св. Николе, месна индустрија, Текспорт од Виница ,која се занимава со производство на ХТЗ опрема, Амфенол за производство на автомобилски делови и многу други.

Следен град на караванот е Кавадарци на 30.05.2017, а ќе се одржува во Спортската сала „Јасмин” – Кавадарци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП