28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Шпанија банкротирале 2.854 компании

Во Шпанија банкротирале 2.854 компании

shpanija1

Бројот на шпанските компании кои поднеле барање за стечај во првиот квартал од оваа година се зголемил за повеќе од 20 проценти.

Причина за тоа е длабоката рецесија која се посилно ја уништува четвртата по големина економија во еврозоната.

Барање за стечај во првиот квартал поднеле 2.854 компании, што е за 22,8 проценти повеќе во однос на истиот пeриод од 2012 година, и за 10,4 проценти повеќе во однос на претходниот квартал, соопшти Националниот институт за статистика, пренесува агенцијата Франс Прес.

Една четвртина од компаниите кои поднеле барање за стечај е од градежниот сектор, 17,1 проценти од комерцијалниот сектор, а 16,3 проценти од индустрискиот и енергетскиот сектор, се вели во соопштението на Институтот.

Меѓу компаниите кои банкротирале е и шпанската компанија за продажба на недвижнини „Reyal Urbis“, која има долг од 3,6 милијарди евра, како и организаторите на годишниот избор на Мис Шпанија, компанијата „Certamen miss Espana“.

Шпанија сеуште има проблеми со надминувањето на периодот во кој се појавија проблеми со недвижнините во 2008 година.

Конзервативната влада на премиерот Маријан Рахој, очекува дека шпанската економија, која во 2012 година забави за 1,4 проценти и оваа година ќе потоне за 1,3 проценти, во 2014 година ќе оствари скромен раст од 0,5 проценти.

Во Шпанија во текот на минатата година беа регистрирани 8.726 банкроти, што е за 27,1 проценти повеќе во однос на 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП