22 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАОффест: Италијанците „Бела чао” и страсната фадо изведувачка Жизела Жоао

Оффест: Италијанците „Бела чао” и страсната фадо изведувачка Жизела Жоао

Преку своите слободоумни вредности и пораките за мир и граѓанското општество, песните од циклусот не само што денес ја задржале својата нагласена моќ туку во себе носат и нов императив во глобализираниот свет.

Концерт со звуците на италијанската народна песна, оживеана во уникатните аранжмани на „Бела чао”, ќе го означи почетокот на втората вечер на фестивалот „Оффест“, што ќе се одржи во 20 часот, во Македонскиот народен театар. По овој концерт од 22 часот, на истата локација следува концерт со страсниот глас на Жизела Жоао, Португалката која е еден од најважните изведувачи на фадо музиката во светот.

Инаку, „Бела чао” првата концертна изведба ја имале во 1964 година кога на фестивалот „Два света“ во Сполето, пред поширок аудиториум го изнеле богатото наследство на народни италијански песни собирани 10 години. Преку своите слободоумни вредности и пораките за мир и граѓанското општество, песните од циклусот не само што денес ја задржале својата нагласена моќ туку во себе носат и нов императив во глобализираниот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП