12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон ja повика ЕУ да го ограничи приливот на евтина работна сила...

Макрон ja повика ЕУ да го ограничи приливот на евтина работна сила од Источна Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Европската комисија (ЕК) да направи повеќе за ограничувањето на протокот на ниско-платените Источноевропејци кои привремено работат во Франција, предупредувајќи дека тоа ја поткопува поддршката за Европската унија (ЕУ), пренесоа агенциите.

По состанокот со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во Брисел – прва откако на претседателските избори победи, Макрон посочи пред новинарите дека е решен да ја реформира Франција, за да заживее економијата на земјата, но дека исто така ЕУ мора да ги брани социјалните стандарди.

„Заедно со Франција, која се реформира, која се трансформира, која радикално се менува, ние имаме потреба од една Европа која ја заштитува“, истакна Макрон.

Европските влади се поделени – општо земено меѓу сиромашниот Исток и богатиот Запад – по прашањето за промените на правилата според кои на пример бугарски возачи или литвански градители можат да бидат испратени во Франција за одреден временски период и да добиваат источноевропски плати, кои често се под гарантира минимум на запад, забележуваат агенциите.

Францускиот претседател Емануел Макрон кој секогаш се претставува како убеден приврзаник на ЕУ, истакна дека тоа не значи дека си прави илузии за состојбата на Унијата, пренесе Франс прес.

„Позитивно сум настроен кон Европа, но тоа не значи дека сум евронаивник“, изјави Макрон.

Тој коментира дека на средбата со претседателот Доналд Трамп денеска ја повикал САД да избегнуваат било какво избрзано решение за мировен договор за климата.

„Го почитувам тоа дека тој наредил преиспитување на мировен договор, но би сакал да нема никакво избрзано решение за ова прашање од страна на САД“.

Во предизборната кампања Трамп изјави дека сака да ја извади САД од парискиот договор за борба против глобалното затоплување, но сега се чини се колеба.

Трамп ја одложи одлуката за по европската турнеја, оставајќи во незнаење колегите од Г-7 (Германија, Франција, Канада, Италија, Велика Британија и Јапонија).

Макрон изјави дека неговиот состанок со Трамп бил „исклучително директен и многу отворен“, пренесе „Ројтерс“.

„Беше многу добра, прагматична и срцева средба“, рече Макрон и додаде дека САД остануваат клучен партнер за Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП