
Европа се уште треба да обезбеди план за ублажување на должничкиот товар на Грција со цел меѓународниот монетарен фонд да се согласи да обезбеди дополнителни финансиски средства.


Европа се уште треба да обезбеди план за ублажување на должничкиот товар на Грција со цел меѓународниот монетарен фонд да се согласи да обезбеди дополнителни финансиски средства.
Меѓутоа, и двете страни ги „истражуваат сите опции“ и разликите во ставовите се менуваат, изјави портпаролот на ММФ Гери Рајс.
„Сите се оптимистични во поглед на тоа дека договорот може да биде пoстигнат и очекуваат дека до тоа може да дојде на наредниот состанок на еврогрупата на средината на јуни“, изјави Рајс, а пренесува агенцијата Франс прес.
Сепак, остануваат несогласувањата по повод европските прогнози кои се однесуваат на економскиот раст и буџетскиот суфицит на Грција после 2022 година, бидејќи ММФ „бара поголема реалност во предвидувањата“, изјави Рајс пред новинарите.