26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија на крстопат помеѓу развојот на туризмот и нафтената индустрија

Португалија на крстопат помеѓу развојот на туризмот и нафтената индустрија

Сликата на Португалија единствено како туристичка дестинација е на пат да се промени – земјата размислува дали да започне да експлоатира наоѓалишта на нафта и природен гас. Некои од нив се во крајбрежјето, пишува европското издание „Politico“.

Досега нема трговски принос од овие наоѓалишта, но истражувањата покажале дека во водите крај Португалија има наоѓалишта на нафта. Агресивните дејствија со експлоатацијата сепак може да му наштетат на туризмот и да затемнат имиџот на земјата како еден од лидерите во зелената револуција.

Оваа дилема – развојот на нафтената индустрија или туризмот, е во состојба да ја разниша кревката владина коалиција и владата на премиерот Антонио Коста. Од едната страна се редат партиите кои инсистираат Португалија да се сврти кон природните ресурси со кои располага, за да се ослободи од сликата на еден од најсиромашните членови на Европската унија.

Од друга страна, владата има потреба од поддршката на партии кои досега се пријавиле дека се против производството на нафта.

Туристичкиот сектор и рибарството во Португалија се со силни позиции. Претставниците на овие индустрии коалицираат со организации кои бараат заштита на животната средина и така успеваат да ги блокираат плановите за студии и производство на нафта.

А во исто време нафтената индустрија се жали дека пропушта приходи од милијарди. Во исто време земјата увезува 70% од своите извори на енергија и троши кон 7 милијарди долари годишно за увоз на нафта и природен гас.

Речиси 20% од работните места во Португалија се поврзани со туризмот, а повеќето посетители во земјата ги привлекува токму прекрасното крајбрежје, посочува уште „Politico“. Според податоците на статистиката директните приходи од туризмот се во износ од речиси 12 милијарди евра во 2016-та година.

Туризмот и нафтената индустрија не може да се меша, сметаат екологистите во земјата, а како ќе се развива случајот, ќе биде интересно да се следи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП