2 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре почнува полагањето државна матура

Утре почнува полагањето државна матура

Екстерните испити од државната матура во јунската испитна сесија во 2017 година ќе се реализираат утре и ќе се полагаат до 14 јуни. За полагање се пријавени вкупно 16426 кандидати.

Полагањето ќе почне во 10 часот со тестот по мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 10632 матуранти за македонски јазик, 5120 за албански јазик и 418 за турски јазик.

На 10 јуни ќе се полага странски јазик. Како и во претходните години, најголем број (15201) се пријавени за англиски јазик, за француски јазик – 108, за германски – 197, додека за руски јазик 26 кандидати.

Тестирањето по предметот математика е на 12 јуни, а пријавени се 2070 матуранти.

Последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14 јуни – за тест по биологија се пријавени 3445, за хемија – 282, за физика – 119, за историја 2900 кандидати, за бизнис 4298, филозофија 3684 и за естетика 193 кандидати.

Според видот на образование, 8274 од вкупниот број пријавени матуранти се од гимназиско образование, 7881 од средно стручно и 271 кандидат од средно уметничко образование.

Првичните резултати од тестовите треба да бидат објавени најдоцна до 14 јули, односно еден месец по последниот екстерен испит (14 јуни).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар