2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei ја зголеми продажбата на смартфони за 21,6 проценти во првиот квартал

Huawei ја зголеми продажбата на смартфони за 21,6 проценти во првиот квартал

Компанијата Huawei во текот на првиот квартал од 2017 година продала вкупно 34,55 милиони паметни телефони или за 21,6 проценти повеќе во однос на претходната година.

Уделот на Huawei на светскиот пазар дополнително порасна на 9,8 проценти, со што е зацврстена нејзината позиција меѓу трите најголеми продавачи на смартфони во светот, соопштија од кинеската компанија.

Како што додаваат, Huawei во првиот квартал од тековната година заблежа раст на продажбата во 52 држави поголем од 50 проценти во однос на претходната година, од кои во 32 земји продажбата била зголемена и за 100 проценти.

Во Кина и во Европа продажбата на Huawei паметните телфони го задржа силниот раст од 20 и 15 проценти, респективно. Истовремено продажбата на телефони во Југоисточна Азија и Јужниот Пацифик скокна за повеќе од 70 проценти.

Според податоците на GfK, на глобалниот пазар за луксузни телефони поскапи од 500 долари, Huawei во февруари 2017 година имал удел од 9,7 проценти, а во девет земји достигна удел од 10 проценти, вклучувајќи ја Кина, Шпанија, Италија, Тајланд, Малезија, Јужноафриканската Република, Полска и останатите клучни пазари, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП