20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСé повеќе Европејци ја напуштаат Велика Британија поради Брегзит

Сé повеќе Европејци ја напуштаат Велика Британија поради Брегзит

Сé повеќе Европејци ја напуштаат Велика Британија. Последните податоци покажуваат дека 117.000 државјани на други земји-членки на Европската унија го напуштиле Островот во 2016-та година. Ова е цели 36% раст во однос на претходната 2015-та година.

Според аналитичарите, зголемувањето се должи на Брегзит и несигурноста што ќе се случи со статусот на европските граѓани кои живеат и работат во Велика Британија. Паралелно со овие податоци, станува јасно дека нето имиграција на Островот исто така се намалува до 133.000 лица наспроти 184.000 лица во 2015-та година.

Многу Европјани, кои избрале да ја напуштат Велика Британија, се од земјите-членки, кои се наоѓаат во Централна и Источна Европа, оставајќи од овие региони да се зголемуваат со 67% во минатата година во однос на претходната, достигнувајќи 57.000 лица.

Слабеењето на британската фунта, во комбинација со високите нивоа на инфлација, го прават животот на Островот се повеќе неповолен, особено за нови имигранти, кои допрва треба да се организираат.

Цената на англиската фунта паѓа со 14%, по објавувањето на резултатите од референдумот за излез од ЕУ. Тоа донесе и дополнителни штети, во форма на примитивно насилство од страна на населението, главно на Англија, во однос на државјаните на други земји кои живеат таму.

Околу 3 милиони лица државјани на други земји-членки на ЕУ работат и живеат во Велика Британија. Тие заземаат најразлични позиции – од работници во земјоделството до универзитетски професори и финансиери.

Спрема законите на ЕУ, имигрантите ги имаат истите права како и локалното население – право на пензија, социјални услуги и пристап до работа.

Сето тоа може да се промени, откако Велика Британија ја напушти ЕУ, што може да се случи за околу 2 години. Во рамките на овој период претстојат голем број тешки преговори меѓу британските и европските лидери, како главна цел – веројатно и за двете страни, е да ги задржат што повеќе од привилегиите што ги имаат граѓаните од двете страни на барикадата.

Последното сепак изгледа тешко изводливо за Велика Британија, која ќе треба да се помири дека ќе загуби голем дел од своите права во рамките на Заедницата.

Поради тоа британскиот бизнис не престанува да упатува предупредувања кон властите дека ограничувањето на слободното движење на луѓе ќе доведе до забавување на економскиот раст.

Невработеноста во Велика Британија се наоѓа на 40-годишен минимум, а многу сектори, меѓу кои здравството, технологијата, градежништвото, не можат да најдат кадри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП