Американскиот претседател Доналд Трамп ја нападна Германија и нејзината продажба на автомобили во САД, на средбата во четврток со лидерите на Европската Унија(ЕУ), тврди онлајн изданието на неделникот „Дер Шпигел“.
„Германците се лоши, многу лоши“, рекол Трамп на средбата со претседателот на Европската комисија(ЕК) Жан-Клод Јункер, на Европскиот совет Доналд Туск и со останатите високи европски функционери, наведува весникот.
„Погледнете ги милионите автомобили што ги продаваат во САД. Страшно. Тоа ќе го прекинеме“, рекол Трамп пред учесниците на средбата, појаснува „Дер Шпигел“.
Јункер тогаш интервенирал и рекол дека слободната размена е во полза на сите.
Германската канцеларка Меркел и Трамп треба да се сретнат во петок на самитот Г7 на Сицилија.
Ниту канцеларката, ниту Белата куќа засега не го коментираа пишувањето на „Дер Шпигел“.