1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Македонската берза вкупен промет од 4,2 милиони денари

На Македонската берза вкупен промет од 4,2 милиони денари

На Македонската берза вчера имаше вкупен промет од 4.204.896 денари при што се реализирани преку 36 трансакции и истргува количина од 2.686 лотови.

Единствен „милионер” на денот беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со промет од 1.282.500 денари, истргувани за 475 акции по цена од 2.700 денари и учество од 30,5% во вкупниот промет.

Со промет од нешто под милион денари се истакна и акцијата на Стопанска банка АД Скопје, 947.050 денари, реализирани преку осум трансакции и истргувана количина од 997 акции.

Највисок раст на вредноста од (+6,47%) имаше акцијата на Хотели Метропол АД Охрид.

Со Обврзниците за денационализација денеска немаше ниту една трансакција па затоа индексот ОМБ беше без промена на вредноста од 128,95 индексни поени. Наспроти него, индексот МБИ-10 денот го заврши во црвена територија, беше забележан пад од 0,42%, и заврши на вредност од 2.267,25.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП